Кристина Арнаудова сними нов сингл „Љубена“


Во етерот деновиве може да се слушне новиот сингл „Љубена“ на Кристина Арнаудова, кој е најава и за ново издание наесен. Музиката е на Алена Попова, текстот е на Кристина, аранжманот е на Дарко Тасев, а е сниман во студиото на Кристијан Габроски.kristina 5

– Звукот е оној што сте навикнале да го слушате од мене, кој сè уште и по толку години не можам да го сместам во ниеден жанр – изјави Кристина и искрено се надева дека песната за кратко време ќе ѝ се „залепи“ за уво на публиката, бидејќи станува збор за исклучително заразна песна.

Спотот ќе се изготвува следниот месец, а во меѓувреме Кристина направи фотосесија, која е наменски сработена за промоција на овој сингл. Фотограф е Жарко Чулиќ, стилист Ивана Кнез, а шминката е на Фросина Фран.

За она што наскоро може да го очекуваме од неа, Кристина вели: „Во меѓувреме снимавме уште една нова песна во студиото на Кристијан, која ќе ја слушнете наесен.

Се надевам искрено, по којзнае кој пат, дека наскоро работите ќе тргнат на подобро, па ќе почнат да се враќаат емисиите, музичките програми и македонската продукција на медиумите, како луѓето и публиката би имале воопшто каде да нè слушнат и да нè видат“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1