Крвав хорор: Ги убила мајката, братот и три деца


Австриската полиција во четвртокот во една куќа во местото Беајмкирхен пронашла шест починати лица, сите членови на едно семејство. Обвинителството повтврдило дека меѓу починатите се три деца на возраст меѓу 7 и 10 години.kuka-smrt-avtsrija

Како што се дознава од локалните медиуми, ќерка (35) со пиштол ги убила мајка си (59), братот (40) и три деца, две сина на возраст од 9 и 10 години и ќерка која имала 7 години, по што си пресудила самата.

Билд пишува дека полицијата во моментов не сака да објавува никакви детали. Истрагата е во тек, а телата на починатите се предадени на обдукција.

Крвавиот чин најверојатно се случил пред три дена, но се уште нема потврда за оваа информација. Убиените деца со денови не се појавиле на училиште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1