Крваво во Каталонија, полицијата користи и гумени куршуми (ВИДЕО)


Шпанската полиција употреби гумени куршуми денеска против луѓе кои се обидуваат да гласаат на референдумот за независност, изјави каталонскиот лидер Карлес Пучдемон. Тој рече дека полицијата одговара на „гласачките кутии, гласачките ливчиња и школите“ со „палки и гумени куршуми“.

 

– Тоа е пример за акции што не можат да се оправдаат – изјави Пучдемон.

Референдумот за независност на Каталонија не го одобри шпанската Влада и се обидува да го запре процесот на гласање.

 

Според пријавите, 38 луѓе се повредени од употребата на гумените куршуми од страна на полицијата врз граѓаните кои утрово излегоа да гласаат на референдумот за независност во Каталонија.

Дека полицијата употребила гумени кушуми потврди и заменикот градоначалник на Барселона.

Претседателот на Каталонија, Карлес Пигдемонт, ја осуди „прекумерната агресија“ врз луѓето кои гласаат, а каталонските власти потврдија дека 38 луѓе побарале итна лекарска помош.

Владата на Шпанија цврсто се спротиставува на регионот, за што потврди и министерот за внатрешни работи од Мадрид

Пигдемонт во меѓувреме гласаше во село близу Џирона, бидејќи местото каде што тој требаше да гласа беше узурпирано претходно од националната гарда.

Според портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, Шпанија нема видено ваква брутална употреба на сила уште од времето кога владееше Франциско Франко. Сепак тој најави дека нема никогаш да се предадат во борбата за демократија.

Каталонската Влада објави информација дека е креиран сајт со помош на блогерската плаформа Вордпрес на кој на граѓаните им е овозможено да гласаат на референдумот до полноќ, објави весникот Ел Мундо.

Пред почетокот на гласањето на референдумот за независност каталонската влада повика избирачите да гласаат во кое било избирачко место што ќе биде отворено.

Легендарните фудбалери на Барселона, Чави Ернандез и Карлос Пујол преку видео порака ги повикаа Каталонците да гласаат на референдумот за независност на покраината.

– Мојата поддршка оди за Каталонија. Срамота е ова што се случува во Каталонија. Во една демократска држава луѓето имаат право да се изјасна -, порача Чави.

Пораката на фудбалерот доаѓа по инцидентите меѓу шпанската полиција и граѓаните кои излегоа да гласаат на неколку избирачки места.

На апелот на Чави се приклучи и поранешниот капитен на фудбалскиот клуб Барселона, Карлос Пујол.

Поддршка за независност на Каталонија искажа и капитенот на ракометниот клуб Барселона, Виктор Томас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1