Куче искасапи дете- И ја одгризал устата и забите, а газдата побегнал!


Врз мојата ќеркичка (9) скокна куче јапонска акита и ја фати за усните. И направи ужасни повреди и и ги искрши забите. Таа е оперирана во детската болница и сега се наоѓа на домашно лекување, раскажува Видо Раѓеновиќ од Нови Сад.

Тој вели дека нападот се случил во неделата околу 18 часот во новосадската населба Детелинар каде има игралиште за деца, теретана и ограден простор за сето тоа.bul terier - kuce

-Ќеркичјата со другарка се шеташе на игралиштето за деца. Сопственикот на кучето седеше и со една рака куцаше на мобилен, а со другата го држеше кучето кое беше без корпа на јажето. Тоа наеднаш скокна и ми го фати детето . Крв шикна, а тој како што велат сведоци, го погледнал кучето и му рекол: „Види што направи“ не обидувајќи се да му помогне на моето дете, раскажува Раѓеновиќ.

Веднаш дотрчаа родителите кои беа со деца, а тој стана и си отиде со кучето.

-Луѓето му викаа: „Застани, каде бегаш“, а тој почна да трча со кучето. Се обидоа да го фотографираа, но со оглед дека трчаше, фотографијата е многу лоша, вели вознемирениот татко, додавајќи дека за случајот го известил соседот.

Кога стигнал, се шокирал од глетката.

-Ќерката крвава плаче…Ужас! Итната помош не однесе во болница, каде веднаш беше оперирана, наведува тој.

Како што вели, сопственикот на кучето се уште не е пронајден. Во цел Нови Сад мал е бројот на кучиња од таа раса, со оглед на тоа што е познато какви се мажјаците од таа раса. Граѓаните кои се присутни велат дека момчето има 20-ина години, и дека е висок од 175 до 180 см и слаб, а кучето е со бело-златна боја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1