Куќа во Скопје може да се изгради за 35.000 евра


Куќа од стотина квадрати со дворно место од 400 квадрати во околината на Скопје може да се изгради за околу 35 илјади евра. Ако не сакате 20/30 години да плаќате кредит ова ви се опциите.pari kukja stan

За 33.000 евра може да се направи куќа пример во општината Илинден, но цената нема многу да отстапува и доколку домот се гради во некое од другите населени места во околината на Скопје. Имено, во новата населба Јака во општината Илинден земјиштето се продава по почетна цена од 148 денари за квадратен метар.

Комуналиите во пригратските општини се околу  120 денари за квадратен метар или за објект од 100 квадрати само 12.000 денари (200 евра).

Приклучокот за струја од ЕВН чини 30.255 денари (500 евра). За изградба на објектот, доколку трошоците за градба по квадрат не надминуваат 300 евра, се потребни 30.000 евра. За проектирање треба да се платат по 5 евра од квадрат или 500 евра, а некои општини како Илинден дури и нудеа бесплатен проект доколку некој се одлучи да гради во оваа општина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1