Купил обичен детектор за метал па пронашол златни римски монети!


Аматерски ловец на благо од Велика Британија купил обичен детектор за метал и пронашол вистинско злато – 40 златни парички од добата на доцниот Рим.

Што да правам со овие? Го прашал шокирано среќниот пронаоѓач, дуќанџијата од кој што го набавил детекторот.

Дејвид Севел сопственикот на дуќанот организирал уште едно пребарување со помош на експерти и со сите потребни дозволи, на истото место пронашол уште 119 исти парички. Вкупната вредност на сите 159 парички изнесува околу 120.000 евра.

„Му продадовме основен детектор на метал и тој ја пронајде една од најголемите колекции на римски парички. Веруваме дека се работи за втората најголема колекција. Сопственикот и неговите помошници, кога го виделе среќниот пронаоѓач на вратата во дуќанот со паричките, најпрвин помислиле дека се работи за некоја шега.

Пронајдените парички се од 22 кратно злато. Ниту една не е оштетена, а од земјата биле извадени во состојба како да биле извадени од ковчег. Вредноста на поединечна паричка се проценува дека изнесува од 500 до 1250 евра.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1