Курникова 15 години е со Енрике, никогаш не го запознала Хулио


Ана Курникова и Енрике Иглесијас се заедно нешто повеќе од 15 години, но за сето тоа време никогаш немала можност да го запознае неговиот татко, легендарниот пејач Хулио Иглесијас.

Ана веќе се запознала со сопругата на Хулио и со сестрата на Енрике, а причината зошто уште се нема запознаено лично со популарниот татко на нејзиниот партнер е што досега немало можност за тоа.

Ана и Енрике се во врска уште од 2001 година, но никогаш не планирале венчавка, а според нивните пријатели, најверојатно тоа нема да се случи ни во блиска иднина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1