Лавина затрупа две групи алпинисти на Мон Блан



Во лавина на Мон Блан загинаа најмалку шест алпинисти, додека најмалку уште шест се повредени.

Спасувачите трагаат по останатите од групата и во моментов не е познато колку се водат за исчезнати, јавува АП.

Станува збор за најсмртоносната лавина во последниве години која зафати две групи на алпинисти. Се верува дека на планината за време на лавината имало најмалку 28 алпинисти.

Share Button

Tags: ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1