Лазански излезе со контроверзно тврдење околу убиството на Ивановиќ


Мора да се започне истрага, пресуден придонес во истрагата ќе бидат Американските истражители.

Американската разузнавачка агенција ЦИА сигурно знае кој го уби лидерот на СДП Оливер Ивановиќ, изјавил воениот аналитичар Мирослав Лазански.

-Доколку убијците на Ивановиќ не се откријат, тоа ќе значи само едно – дека тие убијци се под заштита на САД, рекол Лазански.

Спрема негови зборови, ЦИА потполно ја покрива територијата на Косово, особено северот. Невозможно е, рекол Лазански, таму се случи атентат на политички лидер, а за тоа ЦИА да не знае ништо.

Лазански не верува дека албанските екствермисти самостојно го извеле атентатот на Ивановиќ, бидејќи како што истакна „Албанците не можат ништо толку големо да направат, а да не ги прашат своите ментори од Запад”.

-Во секој случај, доколку убијците не се откријат, тоа значи дека Ивановиќ го убиле оние кои САД ги штити, заклучува Лазански.

Лазански вели дека сега се поставува прашањето на кого медиумски и политички му одговара ова што сега се случува.

-Мора да се започне истрага, смета Лазански, наведувајќи дека пресуден придонес во истрагата ќе бидат Американските истражители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1