Лажете помалку бидејќи лошо е за здравјето!


Научниците откриле дека луѓето со лажење може да го го нарушат своето здравје.

Постојаното лажење може да биде опасно по здравјето, покажале резултатите од истражувањата претставени на годишната конвенција на Американското психолошко здружение во Вашингтон.

Истражувањето е спроведено на околу 100 лица на возраст од 18 до 71 година, а учесниците биле поделени во две групи.

Лицата од првата група морале да престанат да лажат но дозволено им било да избегнуваат прашања, да зачуваат тајни за себе и да избегнат да ја кажат вистината.

Втората (контролна) група не добила никакви посебни упатства.

На крајот од секоја измината недела биле испитувани се постапките на испитаниците во истражувањето преку детектор за лаги, а нивното физичко и ментално здравје било проценето со различни испитувања.

Стручњаците заклучиле дека испитаниците од првата група, без „лажговци“ , имале подобро ментално и физичко здравје за разлика од тие во другата група.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1