Лажниот принц од Македонија се дружел со политичари, глумци, а и со Ѓоковиќ – сметка за луксуз пратил и до македонска амбасада


Стефан Чернетиќ, кој подолго време живеел луксузно претставувајќи се како принц на Црна Гора и Македонија, се среќавал со дипломати, познати личности и бизнисмени од целиот свет.Меѓу нив се и српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ и глумицата Памела Андерсон, на која тој ѝ ја „доделил“ витешката титула дама.

Лажниот принц беше откриен кога направи огромна сметка во елитен ресторан во Фусина, и кога менаџерот фактурата ја проследил до македонсата амбасада во Италија.

Стигнал одговор – Не ни испраќајте сметка, принц немаме, а сигурно не го делиме со Црна Гора.

Стефан Чернетиќ тврдел дека е дел од „монархијата на Црна Гора и Македонија“, па се среќавал со дипломати, познати личности и бизнисмени на раскошни настани низ целиот свет.Со лажната титула, тој успеа да се сретне со многу претставници на кралските династии низ светот, седеше на иста маса со принцезата Ирена од Грција и Данска во Атина, а присуствуваше на трката на Формула 1 во Монако, во друштво на шеик и супер модели.

Полицијата почна истрага за измама предупредувајќи го Чернетиќ дека може да се соочи со притвор откако еден детектив пронашол куп лажни пасоши, медалјони и дипломатски пасоши.

„Сме виделе секакви работи, но вакво нешто не“, рекол еден полицаец за британски Телеграф.

Чернетиќ поставил десетици слики на својот веб-сајт на кои е со познати лица, од тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ до архиепископот на Монако. Сајтот е полн со кралски обележја, историски портрети на други монарси и замоци во Трансилванија.

Тој тврдел дека живее помеѓу Белград и Азурниот Брег со своето семејство и дека е поврзан со највисоките европски кралски семејства и аристократија.

Се покажа дека всушност е Италијанец роден на словенечката граница, кој сега живее во Торино.

Полицијата покренала истрага за измама откако сопственикот на еден хотел се пожалил дека Чернетиќ останал таму цела недела без да плати и им рекол на сопствениците да ја испратат сметката до македонската амбасада во Рим. Но конзуларните функционери немале поим кој е тој, што ги навело детективите неговиот живот да го наречат „детално разработена пантомима“

Градоначалникот на Монополи, Емилио Романи, кој минатото лето му бил домаќин на Чернетиќ, вели: „Се тешам со фактот дека не сум единствениот, бидејќи ликов се сретнал и со градоначалници низ цела Европа, како и со личности од шоу-бизнисот.“

Во 2015 година Памела Андерсон дури и клекнала пред Чернетиќ, кој држел меч во рака, и му се обратила со „Ваше Височество“, додека самопрогласениот монарх ѝ „доделувал“ титула на грофица.Откако „станала“ грофица во 2015 година, Памела Андерсон ја споделила својата среќа на Инстаграм, велејќи едноставно: „Санта Маргерита, Италија, Грофица Де Џиљи“.

На церемонијата што се одржала во Џенова русокосата секс-бомба може да се види во крем фустан на преклоп и разиграни кадрици.

Таа клекнала пред „принцот“, кој го положил сребрениот меч на нејзиното рамо, прогласувајќи ја за грофица на Џиљо.

Настанот беше вака објаснет на нејзината веб-страница: „Во понеделникот 20 октомври 2014 година Памела Андерсон ја доби титулата Дама на Големиот крст на најпрестижната витешка титула на Константиновскиот ред на Сеинт Џорџ од принцот Чернетиќ, принц-наследник на Црна Гора, за нејзиниот храбар придонес во заштитата на морските животни и на дивиот свет“.

Актерката во емисија на Елен Деџенерис објасни: „Принцот е голем љубител на животните и му се допадна сè што јас имам направено за животните“, па призна дека мислела дека тоа што ѝ е доделена титулата е „мошне чудно“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1