Лекарка од Чаир препишала терапија за депресија кај едногодишно дете


Дијагноза депресија кај едногодишно дете поставила матична лекарка од Чаир. Му пропишала и терапија, која родителите според податоците од Мој Термин ја подигнале од аптека. Оваа грешка според надлежните се должи на недоволно познавање на симптомите на болеста и нестручна дијагностика.lekar spric

-Овој пример го издвоив од аспект што значи дека мора да се работи на едукација кај лекарите, на соодветно познавање на симптомите на депресија и соодветно препраќање до институциите задолжени за лекување, изјави Никола Тодоров министер за здравство

Според статистиката на Мој Термин, лани со депресија биле евидентирани 55 000 пациенти, од кои дел биле препратени на психијатар а на останатите им е дадена терапија. Најголем број од нив се од јужна и западна Македонија. Лекарите велат дека оваа болест е втора причина за инвалидитет во светот.

-Секој петти човек има симптоми на депресија, а 75 посто од луѓето не се лекуваат. Мора да се смени начинот на исхрана, да се прави баланс меѓу приватниот живот и работата, вели др. Марија Ралева, Клиника за психијатрија

Традиционално, македонското лекарско друштво го одбележа светскиот ден на здравјето кој годинава е посветен на депресијата. Повелбата Трифун Пановски за најголеми достигнувања во здравствениот сектор ја доделија на четворица лекари меѓу кои и Јованка Костовска од Министерство за здравство.

Што се однесува до секторот со кој раководи, Тодоров вели дека има голем напредок но се уште како слаби алки на кои треба да се работи ги издвои доенечката смертност, лекувањето на малигните болести и човечките ресурси.

Sitel.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1