Лежел мртов во ВЦ -то 1 година – соседите се плашат од зарази


Пензионерот Милан Џамбиќ (76) починал сам во својот стан уште минатата година, но неговoто тело било пронајдено дури неделава откако соседите поради поплава го обиле станот.

 Во зграда во општината Раковица соседите го пронашле распаднатото тело на соседот како лежи во тоалетот.

Пензионерот бил сосема сам и обдукцијата покажала дека починал од природна болест. Станот е сега запечатен од полицијата, но соседите се загрижени што не е извршена дезинфекција.

,, Ужасно мирисаше во станот, а бубачки и црви имаше насекаде по ѕидовите, опишува станарка во зградата, Јела Петровиќ

Соседите лани кога некое време не го гледале пензионерот тропале на вратата, но никој не одговарал. Пријавиле и во полиција дека е исчезнат но никој не реагирал, тврди Јела.

Сега соседите се плашат од ширење на зараза бидејќи станот не е исчистен. Се јавиле во општината откаде им рекле исчистете го сами а ние ќе ви рефондираме пари. Никој не би влегол на свој ризик во станот, тоа треба стручна служба да го направи, револтирани реагираат соседите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1