Либериец заболен од ебола си шетал во болница во Далас


Либериски пациент заболен од ебола со часови престојувал во болница во Далас без изолација, а медицинските сестри, кои го лекувале, со денови работеле без соодветна заштитна опрема и биле соочени со постојано менување на протоколот, соопшти најголемиот синдикат на медицински сестри во САД. Сестрите биле принудени со фластери да ги затвораат отворите на тенките униформи додека се грижеле за пациентот, кој имал дијареја и повраќање, изјави Дебора Бергер од синдикатот на сестрите. lekar ebola

Сестрите од Тексашката презвитеријанска болница го лекувале Томас Ерик Данкан, првата личност во САД, на која ~ е дијагностицирана ебола и која почина минатата недела.

Медицинската сестра Нина Пем, која го лекувала Либериецот, заболела од ебола и таа е втората заболена личност од САД. Освен Пем, во изолација е уште еден здравствен работник кој се грижел за Данкан.

Висок претставник на ОН на седницата на Советот за безбедност за епидемијата завчера предупреди светот ја губи битката со еболата и не успева да го запре ширењето на оваа епидемија.

– Еболата има голема предност во однос на нас – истакна Ентон Банбери, шеф на мисијата на ОН задолжен за координација на итниот одговор на епидемијата на ебола.

Тој додаде дека глобалниот одговор на еболата мора да ги исполни зацртаните цели до 1 декември за да обезбеди 7.000 кревети за лекување и 500 посебно опремени тимови за погребување, но светот ќе се соочи со ситуација без преседан за чие решавање немаме план. Банбери рече дека сега на располагање се околу 4.300 кревети за заболени, а нема доволно персонал да ги негуваат.

Според процената на СЗО, новиот биланс на светско ниво е 4.447 починати и 8.914 заболени, речиси само во Западна Африка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1