Лицата уапсени поради убиството на Ивановиќ се пуштени на слобода


Основниот суд во Косовска Митровица вечерва ги ослободи двајцата полицајци кои беа уапсени пред два дена под сомнение дека не го заштитиле местото на убиството на Оливер Ивановиќ, јавува „Коха диторе“.

Веста за весникот ја потврди и главниот обвинител на Основното обвинителство во Митровица, Шуќри Суља.

Обвинителството утрово побара од судот едномесечен притвор за осомничените.

Весникот „Газета експрес” претходно објави дека двајца припадници на косовската полиција, Д.М. (48) и Ж. Ј. (48), од станицата во северниот дел на Косовска Митровица, биле уапсени под сомневање дека не го заштитиле местото на убиството на Оливер Ивановиќ.

Оливер Ивановиќ, водач на Граѓанската иницијатива на СДП, беше убиен на 16 јануари пред седиштето на партијата во Северна Митровица.

Обдукцијата покажа дека тој бил убиен со шест куршуми од пиштол М70А.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1