Љубовна драма во Скопје: Кривопаланчанец со боксирач нападнал црногорец


Денеска околу 00:30 часот во Скопје на бул. “Кузман Јосифоски-Питу“ И.Ц. (38) од Крива Паланка физички го нападнал Л.Р. (19) од Црна Гора, со привремено живеалиште во Скопје удирајќи го неколку пати најверојатно со боксирач во пределот на главата. Веднаш по нападот напаѓачот со возило го напуштил местото на настанот.policija svetla mk

Околу 01.00 часот истиот бил запрен на автопатот Скопје-Куманово кај клучка “Илинден“ од патрола од МЕБПС по што бил приведен и задржан во Полициската станица-Кисела Вода. Повредениот Л.Р. со итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување. Причина за нападот најверојатно е расправија околу љубовна врска со девојка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1