Лудо Видео: Облечени како ѓаволи, ги прескокнуваат бебињата, за да ги исчистат од гревови


Шпанија исто како и нашиот Балкан, врие од бизарни пагански обичаи кои се разликуваат од село до село.

Иберскиот Полуостров во многу работи потсетува на Балканот. На пример, тие имаат река Ибер,  ние имаме река Ибар. Слични сме и по “врелата крв“, јадењата и по некои домородски обичаи кои не успеавме да ги искорениме дури ни во совремието.

Шпанското кралство има многу чудни обичаи, пример е бркањето бикови во Памплона, а тука е и празникот Ел Колачо кој се празнува од 1620 година.

Манифестацијата за овој празник, секоја година се одржува во селото Кастриљо де Мурсија, но на разни начини, се слави и низ цела Шпанија.

Бизарниот ритуал го изведуваат возрасни мажи, припадници на Братството на пресветата Минерва, кои се облекуваат како ѓаволи и прескокнуваат преку бебиња кои лежат на земја. Целта на ритуалот е чистење од првобитниот грев.

Откако ќе се случи ритуалот, мажите трчаат низ улиците.

Папата Бенедикт XVI, побара од шпанските свештеници да се оградат од празникот Ел Колачо.

Католицизмот налага крштевање и чистење од гревови само со вода, и ваквиот чин, според Римо-католичката црква е грев.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1