„Луфтханза“ го загуби приматот на наjголема европска авиокомпанија


Германскиот национален авиопревозник „Луфтханза“ веќе не е најголемиот европски авиопревозник според бројот на превезени патници и покрај тоа што минатата година забележа раст од 1,8 отсто и стигна до речиси 110 милиона превезени патници.lufthanza

И покрај губење на првата позиција во оваа категорија, германската фирма е задоволна од позитивната позиција на пазарот.

„Го одржавме првиот состанок за годинава и имаме сосема позитивна анализа за 2017 година“, изјави денеска во Франкфурт, Карстен Шпор, извршен директор на „Луфтханза“, компанијата која во текот на минтата година се соочи со серија штрајкови на авио персоналот.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, ирскиот авиопревозник „Рајан ер“ стана најголема авиокомпанија со превезени 117 милиони патници во текот на минатата година, што е за 15 отсто повеќе од минатата година.

За разлика од „Луфтханса“, ирската компанија е нискобуџетен авиопревозник, што има исклучително ниски цени на своите летови, што се движат и до 10 евра за летање во еден правец.

На третото место на најголеми компании според бројот на превезени патници е „Изиџет“, компанијата која превезла 74,5 милиони патници.

На листата на авиокомпании што успешно ја завршија минатата година се и „Норвиџн ер“, со 29 милиони превезени патници, и „Виз ер“ со 22,7 милиони патници, односно раст од 19 отсто во однос на 2015 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1