Мадона со синот се пресели во Португалија


Светската поп-дива Мадона е нов жител на Лисабон. Славната пејачка се пресели во португалската престолнина поради тоа што нејзиниот 11-годишен син Давид Банда ќе учи во Академијата за млади на фудбалскиот клуб Бенфика, откако ги импресионираше Португалците пред еден месец.

„Мадона веќе не е турист, туку жител на Лисабон“, напишал магазинот „Висао“.

Кралицата на попот неодамна во местото Синтра на околу 30 километри од

Лисабон купи раскошен дворец од 19 век за кого според медиумите морала да издвои 7,5 милиони евра. Мадона во моментов е во процес на реновирање на вилата. За време на реновирањето славната Мадона ќе живее во хотел. А 11- годишниот Давид кој ги мина сите тестови ќе живее во интернатот на училиштето на „Бенфика“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1