Магла наутро, сонце преку ден – исто ќе е и за викендот


Во Македонија во утринските часови ке има појава на магла по котлините и долините, а во текот на денот ке биде сончево и топло. Слаб променлив ветар.

Утринските температури ке се движат од 3°C до 14°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 19°C односно до 28°C.

Во Скопје  ке биде сончево и топло. Слаб ветар. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна ке достигне до 25°C.

Сончево и топло преку ден ке биде и во деновите од викендот. Во сабота по студеното и магловито утро, во текот на денот ке биде сончево и потопло. Слаб променлив ветар. Утринските температури 2°C до 13°C, а максималните дневни температури ке се движат од 19°C до 28°C.

Студено и магловито утро не очекува и во недела, а во текот на денот ке биде сончево, посвежо со пад на температурите и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринските температури ке се движат од 0°C до 11°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 15°C односно до 24°C.

Weather4all

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1