Мајката на Александра низ плач побара Башњаковски да бидат ослободени од притвор


Не ме давајте на нејзе оти таа сака да ме киднапира, рекла малата Александра кога ја видела прв пат својата мајка. Татјана Бошњаковска, мајката на малолетната Александра којашто беше грабната, пред судот раскажуваше каков бил првиот контакт со нејзината ќерка и како напредува сега.

sudenje aleksandraПо првиот контакт со мајката, со девојчето разговарале социјални работници, го ослободиле малку девојчето и заедно со мајката заминале дома.

Малата Александра не одела на училиште, по целото тело имала шуга и била валкана, а сега на мајката и треба многу трпение и труд за детето да се врати во нормала, да се социјализира.

Мајката плачејќи побара од судот дедото, бабата и таткото да бидат ослободени од притвор, бидејќи како што рече „моето дете сакам да има и татко и фамилија од другата страна”

Во петок се очекува пресуда за случајот Бошњаковски, откако ќе заврши доказната постапка и обвинетите ќе дадат завршни зборови.

Токму обвинетите бараа судењето да заврши што побрзо и да бидат ослободени од притвор. Дедото, Александар Бошњаковски се пожали дека неговата здравствена состојба е доста лоша и во притвор нема услови за терапија.

Се пожали и неговиот син кој рече дека во притвор добил дијабетес.

Поранешниот врховен судија, Александар Бошњаковски пред судот изјави дека се што правел направил од љубов кон внуката. Тој му се извини на неговото семејство бидејќи од почит кон него, ги следеле неговите постпаки.

Неговиот син, Стефан изјави дека не знае што правел неговиот татко и го искористи своето право да се брани со молчење.

Бабата изјави дека таа не е правник и не знае дали прекршила некој закон. „Ако сум направила некоја грешка, тоа било од што сум била ослепена од љубов” рече бабата.

Александра пред една недела беше вратена кај мајка и која ја немаше видено две години. Бабата и дедото, заедно со синот се обвинети дека го криеле девојчето од мајката која се развела од нивниот син и покрај пресудата детето да и биде доделено на мајката.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1