Мајката на грчкиот премиер: Мојот син не спие и не јаде


Грчкиот премиер Алексис Ципрас слабо јаде и малку спие и ретко успева да го види своето семејство, изјавила неговата мајка за еден грчки таблоид.

73-годишната Аристи Ципрас за неделникот „Параполитика“ изјавила дека нејзиниот син во последно време не јаде, не спие, но дека неговиот живот е таков и дека нема друг избор  пренесува „Танјуг“.cipras

– Тој има свој долг кон народот, кој ја положи својата доверба и надеж  во него. Веќе ретко го гледам. Тој од аеродром оди право во парламентот. Нема време да ги види своите деца, како би можел пак мене да ме види – навела мајката на грчкиот премиер.

Госпоѓа Ципрас постојано му вели на својот син дека го направи најдоборото за својата земја и да се грижи за себе .

– Тој ми вели да не се грижам и дека се ќе биде во ред – додала Аристи.

Ципрас (40) минатата недела беше принуден да ја прифати болната спогодба за реформите од меѓународните кредитори на Грција за да го зачува местото на државата во еврозоната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1