Мајката на Мајкл Џексон не била исчезната – била на рехабилитација


Исчезнувањето на мајката на покојниот крал на поп музиката Мајкл Џексон кое беше пријавено во саботата, откако нејзините внуци се загрижија за неа по безуспешните обиди да стапат во контакт е демнтирано.

Катерина Џексон која има 82 години не исчезнала пишува американскиот портал ТМЗ. Таа се јавила во полиција и ги известила дека со неа е еден од членовите на семејството и дека се е во ред.

Еден извор тврди дека Госпоѓата Џексон се наоѓа во Аризона, информација која неодамна на Твитер ја потврди и еден од нејзините синови.

– Мојата мајка е добро и се одмара во Аризона по препорака на лекарите. Таа ни е мајка, а нејзиното здравје е на прво место, стои во изјавата на Твитер.

По мајката на Мајкл беше покрената истрага откако нејзиниот внук пријавил дека е исчезната тврдејќи дека заедно со роднините веќе една недела безуспешно се обидуваат да стапат во контакт со неа.

Мајката на Џексон на 15 јули го напуштила својот дом во Калифорнија и заминала во ново Мексико за да присуствува на концертот на Џексоновите браќа. Нејзиниот адвокат открива дека таа е на патување со нејзината најстара ќерка Реби.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1