Македонец во Данска осуден на доживотен затвор за двојно убиство по 33 години сака да се врати во Македонија


Во 1984 година, тогаш како државјанин на Југославија, македонецот Наум Цоневски убил двајца млади во Феморен, на островот Амагер во Копенхаген. Врховниот суд на Данска денеска треба да ја разгледа неговата жалба за пуштање од затвор.

Откако градскиот суд во Копенхаген ја одбил молбата на Цоневски да биде пуштен во април, сега повисокиот суд треба да донесе одлука дали поранешниот таксист, кој сака да се врати во Македонија, ќе биде пуштен од затвор, пренесе новинската агенција Ritzau.

Цоневски уби двајца тинејџери кои кампувале во областа Феморен во близина на плажата Амагер, на 20 мај 1984 година.

Тој им наредил на тројцата другари да излезат од шаторот во кој спиеле пред да ги убие двајцата тинејџери, на возраст од 16 и 20 години, на кои им пукал во глава.

Третиот кој бил со нив, исто на возраст од 16 години, успеал да избега, иако Цоневски пукал и во него.

Цоневски, една година подоцна беше осуден на доживотен затвор поради ладнокрвно убиство, што за Данска беше шок.

Тој, исто така, бил обвинет и за обид за убиство и за неколку други сериозни криминални дела.

Откако отслужи повеќе од три декади од неговата казна, сега 68 годишниот двоен убиец сака да биде ослободен и пратен во Македонија, каде живее неговата сопруга со децата и внуците, пишува Ritzau.

Случајот со овие убиства имал голем одек во јавноста во Данка за време на осумдесеттите години, особено затоа што претходно Цоневски бил обвинет и за силување жена која била патник во неговото такси.

Откако бил прогласен за виновен, имало повторно судење, на кое бил ослободен од вината, а тоа се случило само три месеци пред да ги изврши убиствата.

Цоневски подоцна бил прогласен за луд и бил пренесен во специјално одделение за ментално опасни затвореници.

Подоцна и таа дијагноза била укината, па сега 68-годишниот силувач и убиец престојува во обезбедено крило во болницата Сент Ханс во Рокскилде. Лекарите таму сметаат дека подолго време тој е стабилен, стои во извештајот на Ritzau.

Сега се чека на Врховниот суд да донесе одлука дали ќе го ослободи, а не се знае ни кога таа одлука ќе биде донесена.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1