Македонија – било популарен назив на цигари (Фото)


Во минатото, освен што македонскиот тутун ширум светот бил користен за производство на цигари со врвен квалитет, од страна на повеќе тутунски компании во светот биле произведувани и цигари со називот „Македонија“.

Во германскиот град Дрезден, во фабриката за цигари „Македонија“, меѓу другите, се произведувале и цигарите „Македонија Милд“ и „Македонија Селас“.

Macedonia-Selas-1На кутијата на брендот „Македонија Селас“ пишува дека цигарите биле произведувани „без додатоци, а само со фин, чист ориентален тутун, мешавина од најдобрите пратки од Македонија, Бугарија и Турција“

Macedonia-SelasКомпанијата, помеѓу колекционерите, е позната по картичките кои што ги имало во кутиите со цигари. Една од сериите е онаа од 1932 година со 150 картички од познати филмски ѕвезди, меѓу кои Џеки Куган, Жозефин Бејкер и Бастер Китон.

Macedonia-Dresden-1Оваа компанија и компанијата за цигари „Ланде“, која исто така прозиведувала цигари од македонски тутун, по спроведен референдум за експропријација, во 1948 година од страна на Источна Германија се споени во една.

Во четириесетите години на минатиот век, во Германија од страна на „Махалеси“, бил произведуван специјалниот тип на цигари „М8 Мацедониш“.

MazedonischM8Во Италија, цигари со назив „Македонија“ се произведувале уште од далечната 1897 година. Овие цигари биле едни од најпопуларните во Италија и се среќаваат во повеќе италијански филмови од средината на минатиот век.

Macedonia-1Брендот „Македонија Екстра“, исто така произведуван во Италија од „Монополо Италијано“, го пуши и Малена во истоимениот популарен филм со две номинации за наградата Оскар.

Macedonia-Extra-12

Macedonia-Extra-3Oд истата италијанска компанија за цигари бил произведуван и брендот „Македонија Оро“.

Macedona-OroЦигари наречени „Македонија“, се произведувани и во јужноамериканската држава Аргентина, од страна на компанијата Долар С.А.

Macedonia-ArgentinaИ во самата Македонија, за време на СФРЈ, а и по осамостојувањето, Тутунскиот комбинат Прилeп произведува цигари со називот „Македонија“.

Makedonija-Prilep-2Интересно е тоа што бренд на цигари „Македонија“ (Мазедониа) се појавува во осумнаесетата епизода од светски популарниот белгиски стрип „Авантурите на Тинтин“.

MazedoniaВо втората декада од минатиот век, во Зевенар Холандија, од страна на турскиот трговец со тутун, Kиазим Емин Беј била основана Турско македонската тутунска компанија, позната и како „Турмак“.

Cigarettes-TurmacКомпанијата меѓу другите произведувала и повеќе брендови на цигари „Турмак“. Називот „Турмак“ доаѓа од почетните три букви на имињата на Турција и Македонија, земјите од кои што се увезувал тутунот користен за производство на овие цигари. Набргу по започнувањето на нивното производство, цигарите „Турмак“ станале доста популарни во Холандија.

Дел од користените реклами за брендот „Турмак“, а и на некои од кутиите за цигари, биле со слики на убави европски жени, па денес истите претставуваат објект на интерес при истражувањето на феномен на зголемено пушење кај жените по Првата светска војна, во дваесетите и триесетите години од минатиот век.

Turmak-WomanЗа време на Втората светска војна, Турско македонската тутунска компанија во Зевенар била бомбардирана три пати, а по војната, во педесетите години на минатиот век, го проширила своето произвнодство и во други европски земји. Компанијата имала свои филијали во Белгија, Германија и Швајцарија.

TurMac 13 TurMac 12На кутиите на цигарите „Турмак“ произведени во Швајцарија е испишано дека „листовите тутун се одбрани со бескрајна грижа од најпознатите области во Турција и Македонија.“

Во шеесетите години од минатиот век биле произведени последните вистински „Турмак“ цигари, по што компанијата започнала потрага по странски партнери, за во 1972 година да се спои со „Ротманс Интернационал“.

Александар Стеванов

Александар Стеванов

Автор инфо

One Response to “Македонија – било популарен назив на цигари (Фото)”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.