МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА: Претежно облачно.


Четврток ќе биде генерално облачен ден со повеќе услови за сончеви периоди за сончеви периоди во јужната половина од земјата. Во северозападниот крај, како и во повисоките региони од истокот во првата половина од денот ќе има услови за повремени врнежи од снег. Screenshot_59

Навечер се очекува намалување на облачноста низ целата земја.

Дневната температура ќе биде речиси идентична на онаа од среда, Највисоката дневна температура долж течението на Вардар ќе има вредност од 8°С на север до 11°С на југ. Котлините во западниот регион очекуваат највисока температура околу 8°С, а на исток околу 9°С. На повисоките места максималната ќе има вредност околу 3°С.

Во скопската котлина очекуваме претежно облачно време со услови за сосема слаб и повремен дожд претпладне. Облачноста ќе се намалува во вечерните часови. Максималната температура ќе има вредност околу 8°С.

МетеоПро

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1