Македонија е во портокалова фаза- До сабота температури и над 40 степени


Македонија е во портокалова фаза. До сабота од УХМР долж повардарието и на југот најавуваат температури и над 40 степени. Заладување ќе има од недела попладне.

Лекарите препорачуваат во овој период со натпросечно високи температури да се носи лесна и светла облека и да се консумираат доволно течности. Се апелира хронично болните и бремените жени, без потреба да не излегуваат во периодот од 11 до 17 часот.

За да се спречи труење, од Агенцијата за храна и ветеринарство порачуваат граѓаните при купувањето да водат сметка за рокот на употреба на производот, а лесно расипливите продукти да се купуваат исклучиво од објекти каде што се чуваат во разладни уреди.

Од УХМР од недела попладне најавуваат заладување, кога се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1