Македонија на секој час ќе испорачува по 80 мегавати електрична енергија на Србија


По 80 мегавати електрична енергија на секој час ќе испорачува од Македонија во соседна Србија, соопшти директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски.

struja-majstor– Анализирајќи ги потенцијалните опасности како за нашиот систем така и за системот во целиот енергетски блок каде што припаѓа и Република Македонија, како и да се излезе во пресрет и да се помогне за санирање на последиците кои се настанати од оваа катастрофална ситуација во Република Србија, имајќи во предвид дека е намелено производството на електрична енергија во нивните термоелектрани, поради потребата од зголемување на електричната енергија во одредени региони  договоривме на Србија од Електрани на Македонија во наредните денови да им се испорача електрична енергија во висина од 80 мегавати секој час, истакна Бошковски.

Тој додаде дека секојдневно ќе бидат во комуникација со српските експерти за правење на анализи на состојбата, се со цел да  не се наруши целата стабилност на системот, бидејќи како што посочи,  термоелектраните на Србија се поврзани и со електроенергетските системи на Унгарија, Романија и Бугарија.

Оваа помош, како што истакна Бошковски, е во рамките на солидарноста и секојдневната техничка помош и соработката помеѓу двата електроенергетски системи.

kuka-potp5-500Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакна дека освен помошта која од Македонија во текот на раните утрински часови им беше ипратена на Србија и Босна и Херцеговина, Владата и владините институции направиле анализи за дополнителен корпус на помош која што би можела да биде понудена.

– Најновите информации се дека Република Македонија нуди транспортен хеликоптер МИ-17 опремен со целокупен екипаж и со специјални единици коишто опслужуваат истиот и којшто е наменет за вакви ситуации за да се помогне во насока на справување со поплавите кои ја зафатија Република Србија, посочи Ѓорѓиев.

Тој додаде дека во состојба на готовност се екипи на МЕПСО, коишто во евентуален случај на побарување од Србија и БиХ би се упатиле веднаш кои нивните земји, со цел да извршат поправки на електроенергетскиот систем онаму каде што има потреба.

Директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, денеска во своето гостување на Канал 5 телевизија изјави дека се во постојана комуникација со колегите од Србија и спремни се во секој момент да понудат секаква помош.

elem slika-Во текот на вчерашниот и денешниот ден имавме интензивна комуникација со колегите од Република Србија. Таму е лоша ситуацијата, нивните електрани имаат намалено производство на електрична енергија.

Со комуникација и анализи , следејќи ја состојбата како да се намалат и минимизираат опасностите во електроенергетскиот блок и да се задоволат потребите на граѓаните во Србија, ЕЛЕМ ќе испорачува 80 мегавати електрична енергија.

Бошковски истакна дека секојдневно ќе се следат состојбите во Србија, а комуникацијата ќе продолжи и понатаму.

Исто така, тој изјави дека согласно потребите на Република Србија, подготвени се да помогнат со поголемо количество на електрична енергија, а понудена е и помош за санирање на проблемите.

Целосното гостување на Бошковски погледнете го на следното видео.

Од страна на министерството за здравство, како што нагласи тој, покрај онаа помош која што вчера беше делегирана се обезбедени и дополнителни квоти на лекови, пред се антибиотици, антипиретици и останати типови на лекови коишто се користат во вакви ситуации.

obrenovac-500– Со поголем број на приватни компании се договараат и пратки на вода кои што би биле испратени во Србија и Босна, додаде владиниот портпарол.

Владата на Република Македонија и понатаму е во комуникација и со Европската цивилна заштита и со Република Србија и со Босна и Херцеговина, и доколку е потребно Македонија со сите расположливи ресурси  ќе помогне да се ублажат последиците од страшното невреме што ги зафати овие балкански земји.

Додаде дека во текот на следните неколку часа се очекува да има нова телефонска комуникација меѓу премиерите на Република Македонија и на Република Србија, Никола Груевски и Александар Вучиќ околу дополнително утврдување на определени потреби и координација на помош.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1