Македонија вечерва против Ангола во 20:45 часот


Денеска македонските ракометари во вечерниот термин од 20:45 часот ќе се соочат против селекцијата на Ангола во рамки на Светското првенство во Мец, Франција 2017.cervar-1-640x345

Дуелот во вечерниот термин со голема веројатност ќе го играме пред повеќе наши од противнички навивачи.

Анголци скоро и да нема во Мец, а со оглед на тоа што доаѓа викенд, голем број Македонци од овој дел од континентот или од татковината ќе пристигнат да ги бодрат Лазаров и другарите.

Македонските ракометари претходно со 34:30 пред два дена го победија Тунис во воведниот меч од СП во Франција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1