Македонки заработуваат од интернет секс и до 2.000 евра дневно!!!!


За одбрана клиентела на само три сајта  Siti of Love, Eskortik, Indipendent eskort servis, пронајдовме огласи во кои девојките се детално опишани со ценовик и телефонски броеви.

По објавувањето на огласот дека во Македонија се  отвара еротски сајт за кој се бараат девојки кои треба  да достават фотографии каде се сликани топлес екипата на МKD-News, се потруди да истражи малку повеќе околу овој феномен.

Видовме дека еротските сајтови веќе подолго време се застапени на Балканот и дека ова не е новитет ниту за нашите македонки.

Млади девојчиња од кои повеќето се на возраст од 19 до 29 години на овој начин нудат сексуални услуги поради што овие итерент страници имат клиенти, а за сметка на тоа девојките земаат ,,плата,,

За одбрана клиентела на само три сајта  Siti of Love, Eskortik, Indipendent eskort servis, пронајдовме огласи во кои девојките се детално опишани со ценовик на услуги, територија каде работат и контакт.

На поголем дел од девојќите им е прикриено лицето на фотографиите, но за сметка на тоа им се истакнати сите други видни атрибути, но има и такви на кои им  се гледа и целото лице.

На сајтот има тројца и од Македонија кои нудат сексуални услуги меѓу кои и двајца мажи.

Секој од нив свој дел на сајтот во кои детално се опишува нивното “работно место”  Во податоците се наоѓаат нивните имиња,  пропорции, кои услуги ги нудат, ценовник. Наведени се дури и јазиците кои ги говорат и секако бараат да им се плати стрикно во “кеш”

Mакедонките за еден час бараат 150 евра, за секој дополнителен час се доплаќа по 100 евра, а цената за четири часа е 400 евра, додека за 24 часа цената е  800 евра.

Муштерии може да се мажи жени и парови.

(кликнете на фотографиите за поголеми или погледнете ја галеријата на крајот)

 Maжите пак се поевтини од девојките. За еден час бараат 50 евра, а за четири часа 150 евра.

На сајтот во детали се опишани колку се високи, какви гради имаат девојките, или колку ,,голем алат,, мажите. Но она што навистина боде очи е отвореноста за ,,ПОНУДАТА,, на нивните услуги па го имате следното мени каде јасно кажуваат што прават, а што не.

На пример ,,ТТ,, од Скопје го нуди следното.

На сајтот Македонците имаат фотографии каде не им се гледаат лицата, а немаат оставено ниту директен контакт, за разлика од жените од соседството. Но можете да контактирате со нив ако дирекно им оставите порака на сајтот.

Оставивме порака во обид да ги контактираме, но нашите македонци не ни одговорија. Сепак расположена за муабет беше ,,Маша,, од Србија која ни раскажа за бизнисот накратко.

,, Како да ви кажам – во оваа беспарица ова е идеална работа. Не е ова проституција, едноставно е еротика. Има многу осамени мажи таму. Јас не работам во директен контакт со клиенти, само преку интернет, преку веб камера. Се вклучувам кога јас сакам, јас диктирам време. Клиентот ме контактира – откако ќе ми уплати пари на картичка, кога ќе видам дека се легнати се вклучувам и му го давам тоа за што платил,, раскажува Маша.

Сепак признава дека има девојки кои сајтот го користат само за контакт, а со клиентите се среќаваат во живо. Признава и дека таа еднаш придружувала маж на викенд.

,, Тоа го направив само еднаш, но не за парите него човекот ми се допаѓаше едноставно,,

– Повозрасен човек беше?

,, ха ха ха па добро да – но тие И имаат пари да платат хотел на море цел викенд и да си платат придружба,,

– И како мина викендот?

,, Па добро сега тоа веќе не личи да ме прашате. Задоволна сум од заработката секако, но потенцирам повеќе беше ќеиф во прашање,,

Познаваш девојки од сајтот кои се во контакт со клиенти?

,, даааа, не е една – многу се, но знаете што е интересно? Сега доколку не не лажат, а не верувам дека лажат, немаат зошто – мажите имаат повеќе клиенти од нас жените – зборувам за оние диретни контакти. Ние некогаш комуницираме меѓу себе и си прераскажуваме. Тие тврдат дека имаат еден куп пораки и неможат да постигнат и речиси сите се за средби во живо. Ние пак жените имаме повеќе клиенти он лајн,,

– За што ве контактираат, што најмногу бараат?

,, Па често бараат стриптизерки за ергенски забави, да бидам искрена. Јас не сум била но и тоа е супер заработка. А инаку најголемиот дел сакаат безбедно да се олеснат, на некои едноставно им се допаѓа сајбер сексот – ги пали иако дома им спие жената, тие се на компјутер со мене,,

– Дали е ова твоја фотографија на сајтот ?

,, ха ха ха нормално дека не е ха ха ха. Никогаш не го покажувам лицето ниту на камера. А клиентите и не ги интересира лицето, друго сакаат да видат, ха ха ха,,

– Има ли девојки од Македонија или градовите на сајтот се така ставени – за да изгледа дека има од секаде?

,, Има има – но знаете што – има едно 5 кои работат под Белград, или Загреб. Така им е полесно за да не им се открие идентитетот, но има. Ние комуницираме некогаш. Еве пред неполн месец токму девојка од Македонија ми понуди да заминам на летување. 2 мажи од Македонија барале и плаќале добра сума за 3 девојки за придружба, тие биле 2 и ми пиша дали сакам да се приклучам, но одбив,,

– Зошто – не понудија доволно или не ти се бендисаа мажите?

,, ааааааа пецкате, пецкате ха ха ха. Еве ќе бидам директна. Сумата беше огромна, дестинацијата лудница, но мажите беа Албанци. Јас сум Србинка и православна – не сакам Албанци,,

– За некого ова е рамно на проституција, не се плашиш од етикета?

,, Ми е гајле. Имам 27 години, немам работа, а вака имам свои пари. Е сега точно имам помалку отколку да одам со клиентите во живо, но и вака ми е доволно. Имам за своите месечни потреби, не молам од никого, а да ви кажам заработувам повеќе отколку што би ми била месечна плата во бутик да речеме. Претпазлива сум исто така. Одвреме на време го менувам сајтот и многу внимавам да не се открие дел од мојата соба да речеме или моето лице. Косата секогаш ми е врзана не се гледа на камерата, долниот веш кои го користам за овде, не го користам секојдневно и така,,

– Ти одзедовме време сега ние.

,, Ма немаше никој вечерва, а и ме фативте расположена,,

Ја прашавме Маша дали би зборувала за ова јавно, вели ни во лудило – ,,ќе порекнувам додека сум жива 🙂 и со вас не разговарав вечерва поим немате која сум и така ќе остане 🙂 🙂 ,,

На истиот сајт каде ја најдовме Маша има девојки од целиот Балкан а богами и од целиот свет.

Ескорт дамите од Босна и Херцеговина  бараат најмалку 200 евра за еден час исто колку и оние во Хрватска и Унгарките , а за цел ден чини 2000 евра.

Во Австрија плејбој лепотиците се нудат за 250 евра за еден час. Во Американските градови пак еден час чини 450 евра, а во Пекинг и многу повеќе

Странските сајтови специјализирани за нудење на сексуални услуги се преполни со огласи од девојки од Србија кои нудат сексуални услуги по цена од 150 евра за еден час дружба со клиентот, а за секој дополнителен час се доплаќа плус 100 евра, додека за изнајмување на девојката за еден цел ден чини 1200 евра

Со некои може да контактирате преку маил од самиот сајт, а некои сакале да ја забрзаат работата па на сајтот имаат оставено и мобилни телефонски броеви.

На секој сајт девојќите потенцираат дека се независни што значи дека работат сами без агенција или макроа.

Јана 25 години

Оваа девојќа има објавено неколку фотографии а на една од нив целосно и се гледаат градите.

Еден час со оваа девојќа чии 150 евра додека нејзините колешки некогаш даваат и попуст.

Лила 26 години

Има објавено само една слика на која изгледа како фотомодел  кој презентира долен веш, но убавината очигледно додатно чини па Лила за еден час бара 25о евра, но затоа цел ден дружење со нејзе чини  500  евра, што е пониска цена од онаа што ја нудат останатите девојќи.

 

Во другите земји Бугарија -60 евра еден час, Бих-200 евра за еден час, Кина- 500 евра еден час

По тарифникот на сајтовите во регионот најевтини се ескорт дамите од Бугарија, кои земаат 60 евра за еден час. Романките имаат сличен ценовник, бараат до 150 евра од час.

Парите кои ги добиваат не се за потценување, но сигурно овие млади девојќи се многу попаметни и би можеле да најдат друг начин за да заработа. Но за жал реалноста е таа. Се поголемата невработеност и беспарицата во која се обвиткани земјите на Балканот како и тешкото доаѓање до нормална работа очигледно ги тера младите девојќи да го изберат лошиот пат за да дојдат до пари.

Како што објавивме вчера и во Македонија осамна оглас за вработување на наводно нов интернет сајт за работа со ,,клиенти,, девојките што сакаат да конкурираат треба да испратат топлес фотографија, лицето не мора да се гледа и да бидат расположени за работа со клиенти – за за возврат им се нуди наводно добра заработка. Текстот може да го прочитате на следниот линк –

Оглас за работа во Македонија – се бараат девојки, но ИСПРАТЕТЕ ТОПЛЕС ФОТО ?!?!?! што ли ќе работат овие девојки???

Ова се фотографии од сајтот за придружба Siti of Love, на кои се и профилите на членовите од Македонија кои ги нудат своите еротско – сексуални услуги на клиенти.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

One Response to “Македонки заработуваат од интернет секс и до 2.000 евра дневно!!!!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.