Македонската пејачка која во сообраќајка ги изгуби ќерката и сопругот ја отвори душата пред јавноста


Фолк пејачката Благица Калева во недела, на трети декември зачекори по модната писта заедно со голем број на јавни личности, во знак на поддршка на децата со посебни потреби.

Пејачката која е синоним за истрајност и цврстина, откако пред 15 години во сообраќајна несреќа на пат за Скопје ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин, вели дека нема таква сила која што ќе ја намали нејзината човечност, хуманост и желба да помогне секому кому е потребна помош.

За ,,Фокус’’ раскажува дека не дозволила трагедијата која што и се случи да го убие нејзниот благороден дух и да и ја намали желбата да придонесува да живееме во едно хумано општество.

-Се што ми се случи во животот, направи да се зајакне мојата хуманост. Дури откако човек ќе се најде во очи со некоја трагедија, тогаш ја сфаќа многу подобро целата тежина на трагедиите на сите луѓе. Тука сум секогаш кога треба за да пружам моја поддршка и помош на сите ранливи категории на граѓани. Пејам на хуманитарни концерти, помагам на свој начин, со песна. Пред две недели бев дел од хуманитарен настан за помош на наш сограѓанин кому му е потребно лекување, тука сум и сега, за децата со посебни потреби, да им пружам рака, да придонесам за прифаќање на различностите. Не знам, можеби има луѓе кои личните трагедии ги направиле да станат посурови, но јас решив да продолжам напред помагајќи им на другите, оставајќи убави спомени зад мене и зад мојот лик и дело – раскажува Калева.

Таа живее во Струмица со ќерката Марија, за која вели дека и се во животот и и дала сила да продолжи понатаму, по трагедијата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1