Македонски стана официјален јазик во општина во Србија


Општината Пландиште во Србија, која е дом на голема македонска заедница, го прогласи македонскиот јазик за службен јазик на општината. Локалното население во Пландиште ја поздрави иницијативата.Оваа иницијатива е охрабрувачки пример за другите општини со големо македонско население во Србија, како и во Албанија, Грција и Бугарија.

zastava-makedonija-srbijazastava-makedonija-srbija_500x200

-По распаѓањето на Југославија, јазичните и малцинските права кои Македонците во Србија ги  уживаа во голема мера беа укинати.  Драго ми е да видам дека работите може да се променат на подобро за нашата македонска заедница во Србија. Прогласувањето на македонскиот јазик за официјален укажува на фактот дека локалните власти имаат капацитет да вратат некои од укинатите права, рече претседавачот на одборот на ОМД Стојан Николов.

ОМД се надева дека и другите општини во Србија со големи македонски заедници, како на пример Јабука и Панчево, ќе го следат примерот на  општина Пландиште. Ќе биде потребна многу добра волја за да се решат и преостанатите билатерални проблеми меѓу Србија и Македонија, како што е континуираното непризнавање на Македонската православна црква од страна на Српската православна црква.

Според извештаите во медиумите, српскиот закон укажува дека малцински јазик може да стане официјален ако малцинската група претставува 15 отсто од населението. Во општината Пландиште Македонците сочинуваат 11 отсто од населението, но тоа беше сметано за доволен број за да се се прогласи македонскиот јазик за официјален.

Унгарскиот, словачкиот, романскиот, хрватскиот, рутеријанскиот, чешкиот, бугарскиот и црногорскиот јазик беа претходно прогласени за официјалени јазици во различни српски општини. Во Македонија, албанскиот, турскиот, ромскиот, влашкиот, српскиот и босанскиот јазик делат сличн статус во општините каде тие јазични малцинства сочинуваат 20 проценти од популацијата.

Извор – Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1