Македонски Врбник крие тајни стари 3000 години


Подводните археолошки истражувања на локалитетот Врбник, Струга, каде што се откриени наоди стари и до 3000 години продолжуваат и годинава. Според Сашо Цветковски, директор на Музејот во Струга, локалитетот Врбник е еден од најголемите и најбогатите подводни археолошки локалитети на Охридското Езеро.

vrbnikОд материјалот што беше откриен стана јасно дека се работи за една наколна праисториска населба со поширока хронологија која се следи од 8 век пред н.е., па се до периодот на Антиката, но има и елементи на подоцнежна хронологија од времето на Османлискиот период – утврдено e дека се работи за голема површина која е широка околу 480 на 240 метри, пишува Вечер.

“На овој простор откриени се поголем број наколни живеалишта и голем број керамички и камени предмети, како и помал број метални предмети. Исто така, откриени се и голем број коскени предмети користени како утилитарни предмети, а покрај тоа откриен и еден дрвен чун-моноксил. Археолошките истражувања оваа година ќе се одвиваат во јули и август и всушност ќе бидат продолжеток од минатогодишните систематски истражувања”, посочи Цветковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1