Македонските тур-оператори не ги откажуваат аранжаманите за Турција


Како што соопшти Стопанската комора, оваа одлука е донесена по синоќешните разговори и анализирање на состојбата во Турција.turcija

На одлуката влијаело и соопштението од Советништвото за култура при Амбасадата на Република Турција во Скопје, со кое се потврдува дека сите странски гости кои се наоѓаат и планираат да престојуваат во Турција се сигурни, како и дека во наредните три месеци, почнувајќи од 21 јули годинава, додека трае воведената вонредна состојба, се зголемени безбедносните и превентивните мерки.

– Од друга страна, согласно актуелните состојби во Турција, кај угостителските објекти (хотели), членки на Здружението на угостителството и туризмот, евентуалниот намален прилив на турски туристи во земјава, кој би настанал по најавените откажувања на планирани престои, може да се одрази негативно на нивното планирано тековно работење, наведува Комората.

Според статистиката, туристите од Турција се најбројни во Македонија неколку години наназад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1