Македонци шверцувале цигари без бандероли во Бугарија


Двајца македонци со возило со бугарски таблички биле фатени на бугарскиот граничен премин Логодаж во обид да прошверцуваат 490 штеки цигари без бандероли.
Иако биле доста умешни сепак пограничната полиција успеала да го открие шверцот. Возилото било на плин, а запленетата роба била умешно спакувана во резервоарот за бензин, информираат од Бугарската царинска управа.
Според агенцијата Фокус ова е 113 обид за шверц на цигари на овој премин.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1