Макотекс изгуби судски спор долг 25 години – треба да плати 12 милиони денари


По четврт век судење и над 32,5 илјади евра потрошени за такси и адвокатски трошоци, компанијата “Макотекс” го изгуби спорот со фирма од Кратово, на која сега треба да и плати над 12 милиони денари.

makotekst– Спорот е отпочнат во далечната 1989 година, што значи трае веќе 25 години. За истиот во тек е извршување. Доколку не ни биде прифатена ревизијата вложена пред Врховниот суд, ќе мора да платиме повеќе од 12 милиони денари, што секако ќе претставува голем товар – стои во извештајот на компанијата за работењето лани, објавен на веб-сајтот на Македонска берза.

“Макотекс” е фирма која денес се занимава само со издавање деловен простор, има само 10 вработени и последниве години ниже загуби. Ланската загуба изнесуваше околу 152.000 евра. Основана е во 1949 година како откупна станица за кожи, за подоцна да прерасне во компанија за увоз-извоз и застапување странски друштва во трговија со кожа, текстил, памук, волна, синтетика, конфекција, хемиски производи, стока за широка потрошувачка и друго. Во период од 70-тите до 90-тите години се рангираше меѓу првите пет најголеми друштва во поранешна Југославија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1