Малата Самра е убиена додека се обидувала да побегне


Самра Кешиновиќ(16), Австријка со босанско потекло, убиена е во сирискиот град Рака додека се обидувала да побегне од канџите на Исламската држава, тврди добро информиран извор за австрискиот весник Естерајх.

За потсетување Самра со својата другарка Сабина Селимовиќ (15), во пролетта 2014 година се придружија на борците на ИСИЛ во Сирија и од тогаш нивната судбина не се знае.bosanki

– Самра е претепана на смрт додека се обидувала да избега- вели инсајдер за Естерајх.

Самра и Сабина се тинејџерки со босанско потекло кои живееја во Виена. Тие избегаа од дома и од тогаш сигурно ништо не се знае.

-Не не барајте, го славиме Алах и за него ќе умреме- напиша во една прилика Самра на социјалните мрежи.

– Не грижете се за нас, добро ни е, секој ден јадеме Нутела- напиша Самра во друга прилика.

Самра наводно во Рака родила и дете. Сега се тврди дека таа е убиена.

– Таа и Сабина живееја со другите жени во куќа на припадниците на ИСИЛ. Самра се обиде да избега и беше претепана- вели инсајдер

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1