Малолетна скопјанка фатена како „шмрка“ кокаин во Мерцедес на автопат!


Синоќа околу 2 часот и 30 минути по полноќ, во Полициската станица Тетово приведени биле 23-годишниот Р.Ќ. од Скопје и 17-годишна малолетничка, исто така од Скопје. Полицијата ги привела откако ги затекнала како користат наркотички средства.kokain1-630x418

Во моментот на приведувањето двајцата се наоѓале во возило марка Мерцедес со скопски таблици паркирано во близина на клучката Север.

Едното лице во рацете имало мала порцеланска чинија со непозната бела прашкаста материја.

По приведувањето и задржувањето во полициската станица во Тетово, тие биле пуштени но ќе се соочат со соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1