Малолетничка отишла до продавница и не се вратила


Малолетно девојче од Гостивар вчера исчезнало, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гостивар, И.П. (49) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 09.00 часот, неговата 15-годишна ќерка излегла од дома за да оди во продавница и не се вратила.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1