Манекенка поради тампон ја изгубила едната нога, а сега ќе мора да и ја ампутираат и другата!


Девојка која работи како модел ја загубила едната нога откако претрпела синдром на токсичен шок предизвикан од тампон. Сега таа открила дека лекарите ќе мора да и ја ампутираат и другата нога.

Лорен Васер не била сигурна дали ќе преживее, а не повторно да работи како модел, откако ја изгубила ногата во 2012. година.

По трауматичното искуство оваа девојка собрала сила да продолжи понатаму и да се бори, пренесува Индепендент.

Сега повторно се соочува со потешкотии бидејќи поради последиците од токсичниот шок лекарите ќе мораат да и ја ампутираат и другата нога.

Таа во 2012. година доживеала токсичен шок поради употреба на тампон додека имала менструален цикус. Почнала да пати од симптом сличен на грип.

Се кулминирало со срцев удар, па некое време поминала на апарати.

Гангрена почнала да и ги зафаќа двете нозе, па морале да и ја ампутираат десната нога до колено и прстите на левото стопало.

Иако докторите сакале да и ги ампутираат двете нозе бидејќи прогнозите не биле добри, сепак успеале да и ја спасат левата нога.

По ова Лорен својот живот го посветила на подигнување на свеста и превенцијата од токсичен шок, како и потенцијалните ризици од користење на тампони.

Продолжила да се бори со болките во левата нога и по 2012. година. Сега тоа би можело да и створи дополнителни проблеми и компликации кои би го промениле нејзиниот живот дополнително.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1