Марија изнајмила платен убиец за да го ликвидира сопругот – следела невидена одмазда


Рамон Соса, 50 годишник од Тексас, непријатно се изненадил кога во 2015 година од познаник дознал дека неговата жена сака да го убие.

Сопственикот на теретана ја запознал сопругата во 2007 година и лудо се вљубил, но чувствата очигледно таа не му ги возвратила.

Марија Лулу Соса (43) понудила околу 2.000 долари на извесен Густав за да го спои со убиец за да „ослободи“ од мажот. Меѓутоа она што не го знаела е дека Густав и Рамон се стари пријатели.

„Кога ме повика и ми рече дека мора да се најдеме зошто некој сака да ме убие, мислев дека се шегува, раскажува Рамон. Но неговата избраничка била смртно сериозна.

-Густав ми рече дека сериозноста во своите намери ја покажала формирајќи пиштол со прстите и допирајќи ја главата.

Рамон и Густав одлучиле да ја уловат со помош на ФБИ и полицијата. Го озвучиле Густав и тој го снимил состанокот со Марија на кој се преправал дека познава двајца убијци. Полицијата потоа смислила одличен план. Го маскирале Рамон како да е убиен и фотографиите и го покажале на Марија.

Полицијата на Рамон му го маскирала лицето за да изгледа како да е застрелан во слепоочницата, а ископале и плиток гроб во кој го сликале за да биде измамата поуверлива. Еден од детективите се нашол со Марија глумејќи убиец и и покажал слики, на кои таа наводно почнала да се смее.

Марија, инаку е од Мексико и зелената карта за престој во САД ја добила по мажењето. Повеќе не мора да се грижи дали ќе ја депортираат зошто во американски затвор ќе ги помине наредните 20 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1