Марк Цукерберг доби ќерка


Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чен денеска објавија на Фејсбук дека им се родила втората ќеркичка, прикачувајќи и своја фотографија и текст со желби за среќно и безгрижно детство.

Тие веќе ја имаат Макс, родена 2015 година. Новороденчето пак, го крстија Огуст („август” – на англиски).

Чен и Цукерберг посветија исто такво писмо и на својата прва ќерка, во коешто изразуваат надеж дека таа ќе живее во научно напреден свет, а децата ќе имаат лесен пристап до образование.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1