Марковски: Апелираме на разум, да не се замолчува слободната новинарска мисла


-Последниот судски процес кој се води против сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан, се сфаќа како директен атак, односно опасност за опстојувањето на медиумот, за работните места и екзистеницијата на новинарите, изјави Градимир Марковски од Независниот синдикат на новинари на Македонија и ТВ Нова.Screenshot_60

Ниту еден судски процес, ниту едно случување во општеството сметаме дека не смее да биде во насока на загрозување на слободата на изразување, слободниот говор и новинарската мисла, без оглед дали е критичка или во афирмативна смисла. ТВ Нова постигна многу во изминатиот период, секогаш беше прва на многу настани во државата и целиот свет и ќе продолжи да опстојува и да информира објективно, навремено и прва да им ги пренесува информациите на граѓаните. Апелираме на разум и било што да не биде во насока на замолчување на медиум и слободната новинарска мисла, истакна Марковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1