Масакр во руско училиште: 15 повредени во тепачка со ножеви меѓу ученици


Бројот на ранетите во тепачката со ножеви во средното училиште во Перм порасна на 15, од кои 12 се хоспитализирани, соопшти адиминстрацијата на градот.

Медиумите претходно јавија дека за нападот со ножеви во училиштето се одговорни двајца ученици од тоа училиште, соопштија локаните официјални лица.

Како што се наведува, тие започнале кавга со употреба на ладно оружје, а останатите ученици и наставничка се обиделе да ги запрат и така се здобиле со повреди. Медиумите наведуваат дека напаѓачите се приведени.

До кавгата дошло за време на чсот, наведува агенцијата РИА Новости. Од училиштето се евакуирани 700 ученици, а наставата е прекината. Во тек е истрага, наведува новинската агенција ТАСС.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1