Масовна евакуација: На островот Бали му се заканува голема катастрофа


Скоро 10.000 луѓе се евакуирани денеска од населба во близина на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали поради можна ерупција.

Претставниците на власта во понеделникот го подигнаа нивото на закана од можна ерупција на вулканот на второто највисоко ниво и им порачаа на луѓето да не му приоѓаат на вукланот на помалку од шест километри.

Властите на Индонезија соопштија дека 9.400 жители се сместени во 50 засолништа.

Агунг е висок 3.031 метар, а се наоѓа 70 километри североисточно од популарното туристичко место Кута.

Тој вулкан последен пат еруптираше во 1963 година, при што загинаа 1.100 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1