Маж активираше две бомби во судница, настрада самиот, најмалку 7 повредени (Видео)


Еден човек активираше две рачни бомби во судница во источна Украина, при што се уби себеси и повреди најмалку седум лица.

Инцидентот се случи за време на сослушување за убиство во градот Никопољ, во украинскиот регион Дњепропетровск.

– Според првичмте извештаи, човекот извадил две рачни бомби и ги активирал за време на сослушувањето за случајот убиства, изјави портпаролот на полицијата Јарослав Тракало.

Човекот кој ги активираше бомбите е татко на една од жртвите на убиствата, кои се предмет на ова судење.

Меѓу повредените се тројцата обвинети и четворица вработени во судот и чувари.

Според некои украински медиуми, во инциднетот се повредени десет лица.

На обвинетите им се суди дека во февруари 2016 година пукале во еден автомобил, при што убиле две лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1