Маж и жена најдени мртви во домот каде живееле како потстанари во Кочани – имале прострелни рани на главите


Маж и жена се најдени мртви во домот во кој живееле како потстанари во Кочани, вчера.

С.М. (28) од селото Теранци, кој привремено живее во Кочани во куќа сопственост на С.В., пријавил дека непосредно пред да се јави во полиција, околу 19 часот, во куќата ги пронашол безживотните тела на С.Г. (42) од Скопје и Ј.П. (25) од Пробиштип, која, исто така, живеела како потстанар во куќата.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Кочани. Од страна на лекар од Медицински центар Штип биле забележани прострелни рани во пределот на главите на починатите. Покрај телата била пронајдена автоматска пушка марка „црвена застава“ и неколку чаури од куршуми, кои заедно со другите пронајдени предмети, се подигнати и ќе бидат доставени за вештачење. По наредба на Јавен обвинител, телата се пренесени во Медицински центар Кочани каде ќе биде извршена обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1