Маж од Шутка со нож ја бодел сопругата по телото


Крвава семејна драма се случувала вчера околу 18.20 часот во куќа на улицата Гвадалахара во Шуто Оризари, а во сопственост на С.Х.(65). Во куќата привремено престојувала С.Б.(23) од Скопје со нејзините три малолетни деца.

МВР соопшти дека вчера попладнето, дошол нејзиниот сопруг Р.Б.(26) и по кратка семејна расправија со нож и нанел убодна рана во пределот на грбот.

„Откако С.Б. успеала да избега во дворот, тој ја соборил на земја и и задал повеќе убодни рани во страничниот дел од телото и во градниот кош. С.Б. е пренесена во Ургентен центар Скопје, каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на КАРИЛ за понатамошно лекување“, информираат од полицијата.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а Р.Б. е лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1