McDonald’s забрани други ресторани да продаваат помфрит на олимпијада


Не е шега. Тоа е право на главниот спонзор на Олимписките игри. Имено, за време на Олимписките игри, во близина на олимписките борилишта, ќе биде забрането служење на едно од најпопуларните англиски јадења, компирчињата, освен во рестораните на генералниот спонзор McDonald’s.

Барањето нанајпопуларниот светски ресторан за брза храна се однесува на сите конкуренти во близина на 40-те места на кои ќе се одвиваат натпреварите и ќе бидат „банирани“ околу 800 други ресторани и продажни места за храна.

Сепак, ни моќниот McDonald’s не може со англиската традиција. Исклучок на забраната за компирчиња ќе постои. Чипсот ќе може да се служи само со едно од најпопуларните јадења во Англија, Fish and Chips. Значи, кој не сака да јаде во McDonald’s, а сака компири, ќе мора да си порача и риба.

Покрај тоа, Coca-Cola, McDonald’s, Cadbury, Nature Valley and Heineken ке бидат единствените брендови за храна и пијалоци кои ќе можат да се купат за време на Олипијадата во Лондон, во близина на спортските терени.

Сето ова делува малку шокантно за Англичаните. Сепак, има и уште нешто што ги разбесни. Покрај ограничувањето во исхраната, посетителите ќе треба да ја платат храната исклучиво со картичките на VISA. Забранета е употребата на останатите платжни картички.

Па така, ќе треба да носите VISA картички или кеш, да јадете компирчиња само со риба или во McDonald’s, да пиете само Heineken или во спротивно, останавте гладни, жедни, а најверојатно и без никаков сувенир или спомен од Олимпијадата.

Tags: , , , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1