Медицински феномен: Девојче родено бремено – паразитски близнаци


Дали некогаш сте слушнале за случај „паразитски близнаци“ каде еден целосно развиен близнак, кој во себе носи неразвиено или делумно развиено тело од другиот близнак, или за случајот девојче кое е родено бремено?

Не, не станува збор за новинарска патка туку за најнеобичниот медицински феномен.

Лекарите од Саудиска Арабија се сведоци на редок феномен како овој откако таму се родило девојче „бремено“.

Мајката на ова девојче била бремена и носела близнаци но, лекарите кажуваат дека се развила абнормалност која предизвикала една многу ретка состојба позната како „Fetus in fetu“.

Под нормални околности би се родиле близнаци, меѓутоа во овој случај фетусот растел во внатрешноста на својата сестра создавајќи нешто што е опишано како „единствен случај на светот“.

Оваа појава се случува на секои 500 илјади родени и технички се смета за жив па тоа поттикнало бројни расправи дали отстранувањето на бебето би се сметало за убиство. Сепак лекарите изјавуваат дека фетусот е жив во смисла дека неговите составни делови се уште не умреле или биле елиминирани.

Сличен ваков случај е забележан во Индија кај 36 годишен маж кој од секогаш бил загрижен за својот стомак но продолжил така да живее претпоставувајќи дека тоа е негова природна состојба. Тој постојано чувствувал нелагодност и болка, а луѓето постојано му се потсмевале за неговиот голем стомак.

Тој сфатил дека нешто не е во ред кога неговиот стомак почнал да расте. Една вечер кога се борел со неиздржлива болка бил однесен во болница каде лекарите дијагностицирале тумор и го припремиле за операција.

При операцијата неговиот доктор забележал нешто што воопшто не го очекувал, истекле многу течности и при тоа се случило нешто необично.

Докторот изјавил „на мое изненадување и ужас можев да се ракувам со некој кој го извадив од внатре. Тоа за мене беше огромен шок“. Еден од лекарите кој присуствувал на операцијата изјавил „ја ставув раката внатре и почувствував дека таму се наоѓаат многу коски“.

Тоа што било отстрането од неговиот стомак било мутирано тело на неговиот брат близнак.

„Медикал Њуз Тудеј“ изјавува дека ваков случај е забележан и во Грција. Таму на девојче кое имало силни болку во стомакот и бил дијагностициран тумор. Лекарите забележале дека нејзиниот стомак бил значително отечен на десната страна но не се ни посомневале дека зад тој тумор се крие ембрион. По операцијата во која и бил отстранет близнакот девојчето се опоравило и продолжило со нормален живот.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1